Јонсела Стенли била упасена на аеродромот на Аеродромот Кенеди во Њујорк бидејќи сакала да пренесе повеќе од 12 килограми кокаин, во својата инвалидска количка. 33-годишната жена се враќала од Карибите, кога полициското куче почнало да ја душка количката и давало знаци дека нешто не е во ред.

Тогаш царинските службеници забележале дека задниот дел од седиштето на моторизираната инвалидска количка изгледа чудно. Со детален преглед пронашле 6 тули и две кеси чист кокаин. Јонсела веднаш била ставена во притвор и наредниот понеделник ќе и биде судено под обвинение за шверц на наркотици. Нејзината кауција е 50.000 долари.


