Иако луѓето велат дека треба да „танцуваме како никој да не нѐ гледа“ Кејтлин Охаши, гимнастичарка на Универзитетот во Калифорнија направи изведба со која знаеше дека целиот свет ќе ја гледа и навистина се предаде.

Разиграната гимнастика на Кејтлин ѝ донесе овации и насмевки на лицата на нејзините колеги, а девојката доби чиста 10-ка и победи на натпреварот. Погледнете ја Кејтлин која зрачи со позитивна енергија и многу страст кон гимнастиката.

Сподели на Facebook
пати видено