Чарлс Понзи ја измислил т.н. „Понзи шема“, Мајкл Милкен продавал лажни обврзници, Ник Лисон е измамнички брокер кој, преку трговијата, предизвикува спектакуларен колапс на Барингс банката, Берни Мејдоф ги измамил неговите инвеститори со шема слична на Понзи.

Сите овие мажи изгледаат како аматери кога ги споредуваме со Грегор Мекгрегор, измамник кој продавал нешто што за кое што никој не слушнал, не го видел и нешто што не постои.

Берни Мејдоф и Чарлс Понзи ги земале парите на инвеститорот и ги враќалњ парите на друг, но Мекгрегор ги чувал сите пари за себе. Освен тоа сам си ја додал титулата „сер“ и се декларирал за принц од Појаис, покажувајќи исклучително висока самодоверба и нарцизам.

За време на Наполеонските војни, шпанската контрола врз колониите во Јужна Америка слабеела, а народите од колонизираните земји почнале да се борат за својата независност. Помеѓу 1809 и 1825 година сите Јужноамерикански земји ја стекнале својата независност од Португалија и Шпанија. Тие сепак имале потреба од пари. Повеќето земји во Јужна Америка имале рудници од кои се произведувало злато и сребро, па така во раните 1820-ти Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Перу и некои други земји издавале обврзници поддржани од нивните нови влади. Тоа доведува до „балони“ на Лондонската берза во раната половина на 1800-тите години. Во средината на оваа инвестициска манија се појавува Грегор Мекгрегор кој продава обврзници и сè друго што ќе му дошло на ум во неговата замислена држава Појаис.

Грегор се приклучил на Кралската морнарица во 1803 година и бил во Венецуелската војна за независност и во Флорида во 1817 година. Во 1820 година се вратил во Лондон и објавил дека бил прогласен за принц на кнежевство Појаис. Земјата била лоцирана во Заливот на Хондурас и била „предадена“ од кралот Фридрих Август I. Земјата имала повеќе од 12.500 квадратни километри неискористена, богата земја, на која и недостасувале само доселеници за да ја развијат.

Со цел понатаму да се популаризира неговата кауза, Мекгрегор ја напишал книгата „Скица на брегот на комарецот“, во која се опишуваат рудниците за злато и сребро, плодната почва и другите огромни ресурси што ги поседувала Појаис. Освен тоа имало државна служба, банка, армија, демократска влада и локални жители, кои сакале да работат за своите британски господари. За жал најплодното нешто во целата приказна за Појаис била имагинацијата на Мекгрегор.

Вистината е дека кралот Фридрих Август потпишал документ за да обезбеди земјиште на Мекгрегор во 1820 година откако испил неколку чаши виски и рум. Имало само четири уништени згради на местото и било опкружено со ненаселена џунгла без плодна земја, рудници за злато и сребро и сите други убавина што Мекгрегорги опишал во неговата книга. Очигледно за измамник како него фактите биле ирелевантни. Тој дури им кажал на луѓето дека неговата држава има и своја валута која доселениците ќе можат да ја користат во Појаис но потребно е да ја сменат првин кај него.

До 1823 година, Мекгрегор веќе бил мултимилионер. На 10 септември 1822 година, брод го напуштил пристаништето во Лондон и тргнал кон Појаис со 70 лица, вклучувајќи лекари, адвокати и банкари. На 22 јануари 1823 година друг брод од Шкотска се упатил кон митската земја со речиси 200 доселеници. Кога пристигнале во Појаис, доселениците кои гиризикуваа нивните животи да дојдат тамупронашле ненаселена џунгла со повеќе тропски болести. Само 60 луѓе преживеале, а останатите починале.

Преживеаните се вратиле во Лондон, но никој не го обвинил Мекгрегор кој тргнал кон Франција за да ја направи истата измама. Но кога се отворила истрага Французите не наседнале и Мекгрегор бил уапсен, но потоа бил ослободен, а еден негов помошник добил 13 месеци затворска казна. Во 1839 година Грегор се преселил во Венецуела, каде добива воена пензија, поради учеството во војната за независност. Починал на 04.12.1845 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено