Патници кои седеле во преполн воз одбиле да станат за да седне слеп човек со куче водич. Џонатан Атенборо патувал од станицата Единбург, Хајмаркет до Перт, претходно оваа недела.

На 30-годишникот првично му помогнал да се качи во возот персоналот на ScotRail, но не му помогнале да пронајде приоритетното место бидејќи возот бил полн.

Наместо тоа Џонатан неколку пати ги прашувал патниците дали има слободно место, но не добил ниту еден културен одговор. Тогаш тој бил принуден да стои до вратата половина час. Студентот исто така го критикува персоналот од ScotRail бидејќи не реагирале на било каков начин за да му помогнат за време на „пеколното патување“.

Џонатан вели дека е од суштинско значење за слепите лица и лица со оштетен вид, да седат за да се спречи дезориентацијата. Тој, исто така, бил загрижен дека неговото куче водич, Сем може да се вознемири доколку некој му стапне на опашката или на шепите.

Тој напиша на Твитер: „Сосема неприфатлива патничка помош од @ScotRail да ме остави мене и моето куче водич на влезот од возот. Прашав неколку пати дали има резервни места и не одговорил ниту еден патник. Изгубив верба во човештвото.“ Тој исто така направил фотографии од искуството во возот, за да можат другите да го видат она што тој го чувствувал.

Сподели на Facebook
пати видено