Лаура и Кајл Криер од Канзас, САД го пуштиле нивното куче Бу да си ги изврши своите физиолошки потреби во дворот. Но, кога Лаура повторно излегла надвор и почнала да го вика кучето забележала дека Бу никаде го нема.

Тие почнале да бараат во нивната околина, но не можеле да го најдат кучето. Сопругот Кајл наредното утро тргнал да го бара Бу, но сѐ уште немало ни трага ни глас од него.

Тие објавиле на социјалните мрежи дека го бараат нивното куче и кога скоро се откажале од потрагата добиле телефонски повик. Човекот им кажал дека за малку ќе прегазел црн лабрадор, бел лабрадор и коза, на патот покрај поле со пченка. Местото кое им го кажал човекот било околу 10 километри одалечено од нивниот дом, но Кајл верувал дека станува збор за неговиот Бу.

Кога пристигнал на местото Бу веднаш дотрчал кај неговиот сопственик, а по него дошле и неговите нови пријатели, бело куче и КОЗА. Кајл бил изненаден од пријателите, но решил да им понуди превоз на сите, па дури и на козата. Тој ѝ рекол: „Еј козо и ти сакаш да влезеш во камионот? Скокај! Влези од позади. Чувствувај се како дома!“

Откако ги вратил животните дома по неколку дена сфатил дека козата му припаѓа на соседот до нив, а и белото куче исто така е од соседството. Ова значи дека тројцата пријатели тргнале на вистинска авантура, која за среќа имала среќен крај.

Сподели на Facebook
пати видено