Секој од нас сака да даде позитивен пример на своите деца. Четејќи ги следните редови ќе научите важна лекција која ќе ви даде нова смисла во животот.

lb

„Кога наполнив осум години, мојата мајка со големо задоволство готвеше за мене и моето семејство. Но една ноќ ми се врежа во свеста. Таа ја беше поставила вечерата, но пред тоа беше имала доста тежок ден на работа и беше страшно уморна. Тогаш таа пред татко ми постави чинија со доста прегорена резанка печен леб и крај неа џем. Кога го видов тоа, очекував некој да ја забележи прегорената резанка и да каже нешто. И на мое големо изненадување, татко ми го изеде изгореното парче леб со џем, без зборви. Потоа најсмирено ме праша дали имам да учам за утре и како поминав дента на училиште. Не можам да се сетам на мојот одговор, но многу јасно се сеќавам на разговорот на родителите кој го чув кога си легнував. Мајка ми му се извинуваше за изгореото парче леб. Никогаш нема да заборавам што ѝ одговори тој:

„Мила, јас ги сакам изгорените лепчиња!“

Потоа појдов да му посакам лека ноќ на татко ми и решив да го прашам дали навистина му било вкусно лепчето. А тој ме прегрна преку рамото и ми кажа:

„Мајка ти имала исклучително тежок и напорен ден денес на работа. Препеченото лелче не боли кога го јадеш. Болат острите зборови.“ Потоа продолжи со следните зборови:

„Јас, како и повеќето луѓе, не сум совршен. Често заборавам родендени и годишнини. Животот воопшто е полн со несовршени нешта. Сепак, во мојот релативно долг живот научив дека треба да ги прифаќаме грешките на другите луѓе. Да свикнеме со нивните чудни страни и разлики и да ги прифатиме. Тоа е клучот за создавање на здрави и трајни врски, клучот кон љубовта и почитувањето. Не треба наутро да се будиме со самосожалување. Бидејќи, луѓето ќе заборават што правите, но никогаш нема да го заборават начинот на кој сте ги натерале да се почувствуваат.“

Сподели на Facebook
пати видено