Паван Кумар од Индија отишол на гласање. На електронската машина за гласање имало повеќе збунувачки симболи и Паван по грешка го стиснал копчето за партијата Бхаратија Јаната, на која не бил приврзаник.

Тој во видеото вели дека сакал да гласа за владејачката партија Бахуџан Самај (БСП) предводена од премиерот Нарендра Моди. И секако нервозниот гласач се чувствувал како да ја иневерил партијата и решил соодветно да се казни.

Кумар сметал дека најсоодветно е да си го исече показалецот. Тој вели дека наместо за „слонот“ гласал за „цвеќето“, кои се обележја на двете партии. Двете партии имаат јасно различни идеологии; додека БЈ е хинду националистичка и фискално конзервативна, преферираната БСП на Кумар ја истакнува социјалната правда и егалитаризмот.

Со 900 милиони луѓе од 1,3 милијарди луѓе регистрирани да гласаат, изборите во Индија официјално се најголемата демократска „вежба“. Гласовите ќе се пресметуваат на 23 мај, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден.

Со оглед на тоа дека се ближат изборите кај нас, доколку го земеме за „пример“ Кумар, тогаш би требало да се „казниме“ за било кој избор кој ќе го направиме 🙂

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено