Пејо бил женет само една година, а веќе почнал да ја загладува балдзката. Многу му се сакало, но се плашел да не се расчуе. Пејо како Пејо, на крај смислил начин. Ја натоварил запрежната кола со вреќи жито и тргнал во соседното село на мелница. Штом излегол со колата од селото, ја скрил зад една грмушка и пешки кришум се вратил дома. Се качил на покривот и извикал во оџакот:
– Јас сум вампирот! Сите ќе ве изедам ако Пејо не ја онади балдзката! Ууууу! Вечер ќе си легнете и нема да се разбудите! Ууууу! Пејо да ја онади балдзката! Ууууу!
Доцна попладнето Пејо се враќа дома со сомеленото жито и гледа во куќата сите замолчеле и гледаат во земјата.
– Што ви стана бе луѓе!!!
– Остај Пејо не е за кажување!
– Ајде де кажете, што сте така натажени сите?
– Ти кога отиде во другото село, дојде вампирот и ни рече дека сите ќе не отепа ако ти не ја онадиш балдзката.
– Доста бе луѓе, како можете да барате такво нешто од мене?!
– Е ти ни беше последна надеж – рекла бабата. – Изгледа сите ќе умреме! А што не размислиш зете – продолжила бабата – навистина да ја онадиш малку, аме еве волку само за адет.
– Ааа, не може така! – Скокнала балдзката. – Или како дада или ич!!!

Сподели на Facebook
пати видено