Неодамнешно истражување спроведено од страна на одделот за психологија при универзитетот МекГил докажа дека музиката всушност е поефикасна од лековите за повеќе различни медицински состојби. Истражувањето открило дека музиката поттикнува лачење на природни хемикалии и намалувачи на болката во мозокот коишто дејствуваат побрзо и подобро од лекарствата.

piano-691716_640-400x266

Проф. Левитин, еден од главните истражувачи објаснува дека музиката иницира хемиски процеси во мозокот коишто имаат исцелителен ефект.

„Откривме убедителен доказ дека музиката може да игра значајна улога во медицинската грижа, почнувајќи од оперативнте сали па до болничките соби. Но, уште поважно, успеавме да ги документираме неврохемиските механизми со кој музиката влијае врз четири области: расположението, стресот, имунитетот и социјалните врски“, вели Левитин.

Истражувачите откриле дека музиката ослободува допамин и опиоиди, кортизол, серотонин и окситоцин. Овие хемикалии ја подобруваат мотивацијата, го зголемуваат задоволството од извесни активности коишто се прават во моментот, што може да помогне во лекувањето на нарушувања во исхраната, како и други проблеми. Овие природни хемиски соединенија помагаат и во справување со стресот, социјалната анксиозност и го подобруваат имунитетот.

Д-р Френсис Чандра го коментирал истражувањето, велејќи дека овие откритија ги охрабруваат луѓето да ја ограничат својата зависност од лекарства.

„Знаеме дека музиката ги олеснува активните неврохемиски процеси во таква хармонија со опиодиите со која фармацевтските интервенции не можат да се мерат. Некои од нашите клиенти успеаја да ја намалат употребата на психотропни дроги или целосно да ги остават, а можеме да забележиме и подобрување во моралот и ангажманот на нашиот персонал“, вели тој.

Во едно истражување било забележано дека пациентите коишто слушале музика пред операција имале пониско ниво на вознемиреност во споредба со луѓето на коишто им биле давани смирувачки средства како валиум или ксанакс.

Повеќето од популарните лекарства кои се продаваат во аптеките се само катализатори кои ја ослободуваат моќта на хемикалиите кои веќе се присутни во мозокот. Откривањето на начини на кои природно би ги активирале овие супстанци ќе ни овозможи да ги почувствуваме придобивките од нив, без да внесуваме отровни материи присутни во синтетички произведените лекови.

Сподели на Facebook
пати видено