Кога електронските цигари за прв пат се појавија на пазарот, тие беа поздравени со воодушевување и олеснување од пушачите, но и непушачите. Секој кој изразил сомнеж и желба да дознае повеќе за ризиците по здравјето со употребата на овој „чудесен производ“ се соочувал со осуда и тврдење дека е-цигарите се совршено безбедни и здрави. Но, универзитетот Харвард носи нови информации кои непобитно ги поврзуваат е-цигарите со белодробни заболувања. Очигледно, фокусирањето на отстранувањето на согорувачкиот елемент на пушењето го засенило другиот ризик по здравјето предизвикан со употребата на оваа направа.

Новооткриената опасност лежи во хемиските аромати употребени во е-цигарите, поточно, во диацетилот, хемиска супстанца која, според Харвард, може да доведе до тешко респираторно заболување. Оваа хемиска состојба се содржи во седумдесет и пет отсто од електронските цигари, заедно со две други потенцијално опасни состојки.

e-cigari

Ова е особено вознемирувачка вест, особено со оглед на тоа што во моментот на пазарот има над 7000 видови на електронски цигари и „е-сокови“, т.е. течност којашто содржи никотин.

„Препознавањето на ризиците по здравјето поврзани со вдишувањето на хемиски аромати започна со појавата на заболувањето „Bronchiolitis obliterans“ пред една деценија. Но, диацетилот и други слични супстанци се употребуваат во многу други аромати, како овошни, алкохолни аромати, а и како што дознавме во нашето истражување, во е-цигарите со вкус на овошје.“, вели водечкиот автор на студијата, Џозеф Ален.

Студијата тестирала повеќеод педесет видови ароматизирани е-цигари. Секоја е-цигара била ставена во затворена комора прицврстена за лабораториски уред кој повлекувал воздух преку е-цигарата на секои осум секунди. Овој воздух потоа бил анализиран од страна на истражувачите, при што тие откриле една до три штетни хемикалии, детектирани во четириесет и седум од тестираните педесет и еден аромати.

„Бидејќи загриженоста во врска со штетноста на е-цигарите досега главно се сосредотучуваше на никотинот, сѐ уште има многу работи коишто не ги знаеме за е-цигарите. Покрај различните нивоа на активната супстанца никотин, тие исто така содржат и други хемикалии кои предизвикуваат рак,како што е формалдехидот, а како што покажува нашата студија, и други ароматни хемикалии кои предизвикуваат оштетување на белите дробови“, вели коавторот на студијата, Дејвид Кристијани, професор по генетика.

Харвардското истражување не е единственото кое посочува на опасностите кои ги носат електронските цигари. Имено, слична таква студија спровел и германскиот Центар за истражување на канцерогените болести, при што било утврдено дека електронските цигари и гасовите кои ги испуштаат тие не се безбедни и содржат супстанции кои предизвикуваат рак, меѓу кои ацетон, формалдехид, ацеталдехид, бензопирен и силигат, заедно со најразлични метални честички.

Затоа, доколку сте пушач и сакате да ги оставите цигарите, не залажувајте се! Не ви требаат никакви електронски уреди, ниту постепено намалување на цигарите. Едноставно престанете со пушењето, наеднаш.

Сподели на Facebook
пати видено