Знаеме дека брзата храна ги дебелее децата. Но изгледа дека покрај тоа и ги заглупавува. Неодамнешно истражување покажало дека децата коишто три или четири пати неделно јадат брза храна, освојуваат помали резултати на тестовите од нивните соученици кои се хранат поздраво.

Истражувањето било спроведно од страна на Д-р Кели Пуртел од Државниот универзитет на Охајо, САД. Податоците биле земени од 8500 ученици од цела Америка. Учниците биле прашувани колку често се хранеле во ресторани на Мекдоналдс, Бургер Кинг, Кентаки Фрајд Чикен и Пица Хат. Податоците биле поделени во три категории: деца кои јадат брза храна еднаш до три пати седмично, четири до шест пати седмично и секојдневно. Академското тестирање покажало дека тие што речиси никогаш не се хранеле во рестораните на брза храна во просек освоиле во просек 83 поени,додека тие кои секојдневно се хранеле со брза храна освоиле во просек 79 поени.

Има две можни објаснувања за ваквиот резултат. Според првото, пониското присуство на железо во брзата храна е главниот виновник за забавеноста на определени процеси во мозокот. Второто дека исхраната богата со маснотии и шеќер може да има негативно влијание врз процесот на учење.

Кое и да е објаснувањето, деца, време е да ги оставите тие ваши „мекдабл“, да почнете да се храните поздраво и повеќе да читате.

Fast-Food-Smarts

Сподели на Facebook
пати видено