Секое второ дете минува помалку од еден час дневно надвор; на затворениците во најчуваните затвори им се гарантирани најмалку два часа минати надвор. Кога некој ќе се присети на своето детство, тој вообичаено се присетува на деноноќните игри на улица со соседите, или во валкањето и авантурите во природа. Од друга страна, денешните деца ќе имаат многу поразлични приказни за раскажување кога ќе бидат постари.

dc

Излегува дека секое второ дете надвор минува помалку од еден час дневно, а ова е голем проблем. Занесени од видео игрите и најновите риалити шоуа, децата и тинејџерите свесно и доброволно се ставаат себеси во куќен притвор. Недостатокот на телесна активност и прејадувањето, коешто е често кога детето ќе се прикова за телевизорот како хипнотизирано, се големи чинители во прекумерната тежина кај децата, како и во порастот на проблеми со однесувањето и менталните нарушувања.

Во текот на истражувањето биле анкетирани 12 000 родители од десет земји, коишто имаат деца на возраст од пет до дванаесет години. Според наодите, една третина од децата минуваат помалку од триесет минути надвор на ден.

Тоа не би го поднеле ни затворениците затворени во казнено-поправната установа Вабаш Вали во Индијана, САД, се вели во заклучокот. Затворениците во овој затвор велат дека времето минато надвор е „веројатно најважниот дел од денот“. Тоа е време кога „ја истресуваш сета фрустрација и сите твои проблеми и едноставно ги оставаш таму. Ми го одржува здравиот ум, и го одржува моето тело“, велат затворениците.

Запрашани како би реагирале кога тоа време би им било намалено на само еден час дневно, повеќето одговориле дека тоа ќе предизвика гнев и дека тоа би било измачување. Кога на затворениците им било соопштено дека децата минуваат помалку време надвор од нив, еден одговорил: „Тоа е тажно. Навистина е тажно.“

Сподели на Facebook
пати видено