Прочитајте дел од исповедта на една мајка за сексуалното образование кое морала да му го даде на својот син.

birds and the bees-amanda lynch and son stanley lynch

Што би посакале за вашиот син кога ќе порасне? Академски успех? Успешна кариера? Или да биде добар љубовнк? Иако не ни мора да се спомен дека многу би сакала мојот 17-годишен син Стенли да има убав живот и да е среќен и задоволен, исто така му посакувам да биде љубезен и внимателен в кревет. Се надевам дека ќе може да задоволи жена, и телесно и на емоционален план.

На крајот на краиштата, зар не е моја задача како мајка (а и како жена) да го пуштам во светот како винателен сопруг и партнер кој е достоен за почит? Овие мисли ми се јавија пред некое утро кога Стенли се врати дома по една забава.

Иако мислам дека веќе некое време е сексуално активен, сѐ што досега имам направено е традиционалното плашливо оставање кутија кондоми во фиоката во неговата спална соба и да се надевам на најдоброто. Никогаш не сме разговарале како што треба, знаете, за птиците и пчелите, или за сите чувства кои одат рака под рака со телесните односи.

birds and the bees-amanda lynch and her son stanley lynch

Тоа е разговор кој веќе подолго време планирав да го направам со него. Иако немав никаков проблем со тоа да разговараме за дроги или алкохол и опасностите од двете нешта, постојано ја избегнував оваа тема. Мојот најголем страв беше дека, со оглед на тоа што сум средовечна мајка, разговорот ќе му биде мачен, како и мене.

Некои од вас би можеле да си помислат дека ги пречекорувам границите и дека татковците се тие кои треба да зборуваат за секс со своите синови. За жал, јас го немам тој избор како мајка. Таткото на Стенли почина пред три години, па така работата ми останува мене.

Кога Стенли започна да оди на тинејџерските забави, направив неколку чудни обиди да го покренам тоа прашање. За жал, сѐ што успеав е да му викам слогани од зад грб додека тој излегуваше од вратата, како „Подобро да спречиш отколку да лечиш“, или „Запомни мил мој, `не` значи `не`, на што тој ќе одговореше: „Смири се, мамо. Јас не сум силувач.“

birds and the bees-amanda lynch and son stanley lynch

По таков одговор, многу мајки би ги оставиле синовите сами да си го најдат својот пат. Сепак, живееме во доба кога сексот никогаш не бил толку комплициран. За младите луѓе денес сексот најчесто се доживува во самотија, пред екранот. Еден клик на истиот лаптоп на кој вашето дете ја работи својата домашна работа, и тоа може да биде бомбардирано со најодвратните порнографски слики. Сѐ е толку далеку од невините први допири на мојата генерација. Воопшто не е за чудење што истражувањата посочуваат на епидемија на расипување на сексуалното здравје кај младите, предизвикано од онлајн порното. И токму порното беше мојата прва загриженост. Но, тој ми кажа дека најмногу гледал порно на 13-14 годишна возраст, кога тој и неговите другари биле залепени за интернетот. „Но, тогаш стана депресивно и по некое време престанав да гледам“, ми кажа.

Стенли ми призна дека неколку момчиња навистина се навлекле на тоа, но се средило природно кога започнале да се гледаат со вистински девојки.

„Но, зар не очекуваше и вистинскиот секс да биде како на интернет?“, го прашав, загрижена.

„Мамо, јас не сум идиот“, ми рече тој смирено. „Порното е како професионалното борење. Сите знаат дека е лажно, но сите уживаат да го гледат.“

И покрај сиот тој мизогинистички ужас кој се шири, мојот син има целосно зрел однос кон спротивниот пол.

„И жените се луѓе како и мажите“, ми рече тој смирено.

Тажна сум што неговиот татко не е тука да види во каков маж израснува Стенли, и знам дека и тој би се гордеел со него. Без сомнение, нештата да беа поинаку, тој ќе ги водеше овие разговори со него, а не јас.

Сподели на Facebook
пати видено