30-годишната ескорт дама Саманта можете да ја најдете на веб сајтот SeekingArrangement, сајт кој спојува атрактивни млади жени со богати постари мажи. Таа иако има „дневна“ работа, приходот кој го добива од своите спонзори го троши на нејзиниот 6-годишен син, за да му ги купи најскапите играчки и за да го изнајми Universal Studios, за да може тој да ужива со неговите пријатели.

Саманта вели дека најекстравагантната работа што ја направила за нејзиниот син е тоа што му изнајмила цел забавен парк, само за него и неговите другарчиња, но сепак смета дека нејзиниот син не е разгален.

„Јас отсекогаш сум сакала да го направам неговото детство незаборавно. Живееме во Лос Анџелес, децата со кои тој оди на училиште ги добиваат истите подароци од своите родители. Неговиот живот и не изгледа толку екстравагантен во кругот на пријатели кои што тој ги има.“

Саманта се приклучила на сајтот SeekingArrangement по препорака на пријател и таа тврди дека не е задолжително да и се даваат пари и подароци, но тоа најчесто се случува. Таа истакнува дека работи со полно работно време, професија која е доволна за скромен живот, но сака подобра иднина за нејзиниот син.

Сите од нејзиното семејство знаат за нејзината „втора работа“ и не ја подржуваат во тоа, но таа вели дека е возрасна жена и може да прави што сака.

„Моето главно правило е ‘Нема секс’,“ вели Саманта. Поради оваа правило нејзините врски со спонзорите се минливи. Таа моментално придружува возрасен господин по име Џим, кој го запознала пред една година и за кого вели дека е „вистински културен џентлмен.“ Саманта не планира сеуште да влезе во интимна и сериозна врска со господинот, но вели дека тој и е најголемата финансиска помош за неа и нејзиниот син.

Саманта вели дека ќе остане ескорт додека не запознае некоја „голема риба“ што ќе може да ги згрижи неа и нејзиниот син. Но таа веќе размислува за иднината на синот, откако Џим и дал одредена сума на пари, која таа ја вложила во акции и тие пари ги уплатила на сметката на син и, за неговото универзитетско образование.

„Сите ние имаме потреба од пари, таков е светот во кој живееме,“ вели Саманта. Таа исто така има правило, ниту еден од нејзините спонзори нема да се запознае со нејзиниот син, тоа би било возможно само доколку се венчаат.

Сподели на Facebook
пати видено