Омар Матин, човекот кој уби најмалу педесет луѓе откако извесно време држеше заложници во геј клуб во Орландо изјавил верност на Исламска Држава, како што тврди конгресменот од Калифорнија, Адам Шиф. „Тој бил слушнат како се моли на туѓ јазик и не знам дали тоа се случило за време на пукањето, но така ми пренесуваат од локалната полиција.“

Непосредно пред да го стори злосторството, Матин повикал полиција и изјавил верност водачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади. Матин по потекло е Авганистанец, отворил оган од автоматска пушка AR-15 и рачен пиштол во ноќниот клуб Пулс. Најмалку педесет луѓе биле убиени, а педесет и три биле повредени во еден од најсмртоносните напади со огнено оружје во Америка.

om01

Портпарол на ФБИ изјавил дека злосторството се истражува како терористички чин, при што се бараат докази за тоа дали бил организиран од терористичка ќелија или извршителот бил „осамен волк“.

Шиф вели: „Овој напад толку болно потсетува на ужасниот напад во Батаклан, Париз, како и на други исламистички напади во изминатите години. Фактот што се случи за време на Рамазан и што водството на ИД во Рака повикува на напади за време на истиот, дека цел на напад беше ЛГБТ ноќен клуб за време на Парадата на гордоста, и ако е точно тоа што го тврди полицијата дека напаѓачот изразил верност на Исламска Држава, сето ова посочува кон тероризам инспириран од ИСИС.“

Но, од друга страна Мир Садик, таткото на Матин, тврди дека неговиот син се налутил кога пред два месеци во Мајами видел како се бакнуваат двајца мажи. „Ова нема никаква врска со религијата“, вели тој. „Ние се извинуваме за целиот инцидент. Не знаевме што намислил. И ние сме во шок исто како и целата земја.

Тие се бакнуваа и се допираа еден со друг, и тој кажа: „Гледај го ова. Го прават тоа пред мојот син. Тогаш бевме во машкиот тоалет и мажите се бакнуваа таму.“

Истражните органи велат дека и претходно им бил познат и следен од ФБИ бидејќи упатувал закани дека има врски со терористички организации. Матин бил застрелан од страна на безбедносните сили.

om02 om17 om16 om15 om14 om13 om12 om11 om10 om09 om08 om07 om06 om05 om04 om03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено