Муслиманската популација расте, и се претпоставува дека во наредните 40 години ќе се зголеми за 70%. Христијаните имаат 33% од раѓањата на глобално ниво, но и 37% од смртните случаи, според “PEW” центарот за истражување. Истражувачите од центарот велат дека Христијанството буквално “умира” во Европа.

Се предвидува дека од 2015 до 2060 година Исламот ќе порасне за 70%, а Христијанството за 34%, со што религиите скоро ќе се изедначат. Моментално Исламот се смета за најбрзо растечка религија во светот.

Популацијата на Муслиманите од 2010 до 2015 порасна за 150 милиони, со што ја достигнале бројката од 1,8 милијарди. Тоа се должи на причината што жените од Исламска вероисповед раѓаат повеќе деца од Христијаните, чија што бројка во 2015 изнесувала 2,3 милијарди.

 

Истражувачите велат дека миграцијата е главен фактор за раст на Муслиманската популација. Иако моментално Христијанството е најголема религија во светот со 31% од 7,3 милијарди луѓе, сепак нејзината популација во Европа константно се намалува.

Според истражувачот Конрад Хачкет “Срцето на Христијанството се сели во Африка”. Христијантвото ги има највисоките бројки за наталитет, но и за морталитет. Помеѓу 2010 и 2015 биле родени 223 милиони  Христијански бебиња, а починале 107 милиони Христијани. Во текот на годините се повеќе луѓе се придружуваат кон Исламот, а Христијанството има најмногу изгубени следбеници од било која друга религија во светот.

Сподели на Facebook
пати видено