Само тринаесет отсто од Европјаните мислат дека советската армија играла водечка улога во ослободувањето на Европа од нацизмот за време на Втората светска војна, како што открива неодамнешна анкета во која биле опфатени 3000 луѓе од Франција, Германија и Европа.

Мнозинството од испитаниците – 43 отсто – одговориле дека армијата на САД ја одиграла главната улога во ослободувањето на Европа од фашизмот. Анкетата, спроведена во периодот од 20.март до 9. април 2015, била во организација на британската агенција Ај Си Ем Рисрч за Спутник Новости.

Над 50 отсто од Германците и над 61 отсто од француските граѓани веруваат дека нивните предци биле ослободени од Американците. Близу педесет отсто од Британците мислат дека британските сили ја одиграле клучна улога во завршувањето на Втората светска војна. Само 8 отсто од испитаниците во Франција и 13 отсто од испитаниците од Германија победата над фашизмот ѝ ја припишале на советската армија.

Perverted history Europeans think US army liberated continent during WW2

Втората светска војна траела од 1939 до 1945 година и опфатила над 80 држави и региони. Се верува дека 70 милиони луѓе ги изгубиле своите животи. Но, малку се зборува за тоа дека СССР претрпил најголеми загуби. За време на војната загинале над 27 милиони советски граѓани.

САД се надевале дека нема да бидат вовлечени во војната. Во периодот од 1935 до 1935, Конгресот на САД издал серија на актови за неутралност. Наводно претседателот Труман на 24. јуни 1941 година го кажал следното за Њујорк Тајмс: „Ако забележиме дека Германија победува, ќе треба да ѝ помогнеме на Русија, а ако Русија победува, ќе треба да ѝ помогнеме на Германија, и на тој начин да ги оставиме да се испоубијат колку што е можно повеќе, иако под никакви околности не би сакал да го видам Хитлер како победник. Ниеден од нив не си стои на зборот.“

Според повеќе проценки, советската Црвена Армија ослободила повеќе од половина од територијата на Европа, што опфаќа повеќе од 16 денешни европски држави. Сојузничките сили ослободиле девет земји, додека шест биле ослободени од здружените сили на Црвената Армија и Сојузничките сили.

Советската армија исто така морала да се соочи со главнината на нацистичките сили на источниот фронт, чијшто број изнесувал околу пет милиони војници. Поголемиот дел од воената опрема на Хитлер исто така била концентрирана на исток: 5400 артилериски оружја, 54.600 минофрлачи и над 3000 воени аиони. Сето тоа изнесувало три четвртини од тешкото вооружување со кое располагал Хитлер. До крајот на војната, Советите уништиле 70 отсто од непријателските сили.

Источниот фронт бил најширок, при што се протегал од четири до шест илјади километри, што е четири пати повеќе од северноафриканската, италијанската и западноевропската линија на фронтот заедно. Исто така, тој фронт бил и најжестокиот, при што на него се забележани 1320 борбени денови, во споредба со 309 на северноафриканскиот фронт и 49 на италијанскиот.

Во средината на април 1945 година, Советската Армија ја започнала крајната офанзива врз германскиот главен град, и на 21. април влегла во Берлин. На 27. април, Црвената Армија се поврзала со американските трупи кај реката Елба, преполовувајќи ја германската армија. Во тоа време, командирот на 12-та армиска група на САД, генералот Омар Бредли, ги фалел советските трупи за нивниот успех во протерувањето на Германците од Русија. На 2. мај 1945 година, берлинскиот гарнизон најпосле се предал на советската армија. На 4. јули 1945, американскиот Ден на независноста, американските трупи официјално го воспоставиле нивното управување со нивниот окупациски сектор во југозападен Берлин.

Во јануари 1945 година, советската армија го ослободила најголемиот нацистички концентранционен логор Аушвиц во југозападна Полска.

Во јануари годинава, полскиот министер за надворешни работи, Гжегож Схетина, отворено ја одрекол улогата на Русија во ослободувањето на Аушвиц, тврдејќи дека бил ослободен од Украинците.

„Можеби би било подобро да се каже дека…Првиот украински фронт и Хкраинците го ослободија Аушвиц, бидејќи овде, на тој јануарски ден, дојдоа украински војници, и тие беа тие кои ги отворија протите на логорот и тие го ословодија логорот“, изјавил Схетина во интервју за Полские Радио.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров овој негов коментар го оцени како „светогрдие и цинизам.“

„Аушвиц беше ослободен од Црвената Армија, во која беа вклучени Руси, Украинци, Чеченци, Татари, Грузијци и други“, истакнал Лавров, оценувајќи ги зборовите на Схетина како „исмевање на историјата со кое треба да се престане.“

Сподели на Facebook
пати видено