Невработен инженер долго време барал работа и размислувал како да заработи пари за живот. На крај решил да отвори приватна клиника.
Објавил ваква реклама:
„Ако те излечиме, ќе платиш 50 евра, а ако не, ќе ти вратиме 100 евра“.
Еден итрец со улично школо решил да заработи малку лесни пари и да го измами лекарот-инженер.
Итрецот оди кај лекарот.
– Докторе, го изгубив вкусот…
– Сестро, дај го сирупот 22. Отвори ја устата.
– Пфу, па ова е бензин?!
– 50 евра, затоа што ви го вративме вкусот.
Итрецот многу се налутил и се врати два дена подоцна.
– Докторе, го изгубив сеќавањето.
– Сестро, дај го сирупот 22.
– Ааа, не докторе, тоа е бензин.
– Добро, 50 евра. Ти се врати сеќавањето.
Итрецот веќе претерано се налутил и решил да се врати и по трет пат.
– Докторе, јас сум слеп…
– Жал ми е, но не можам да ти помогнам. Сестро, донеси 100 евра.
– Но докторе, тоа е само 50.
– Аха, значи твојот вид е во ред. Плати 50 евра.

Сподели на Facebook
пати видено