Мариа Фагерстром е пилот од Шведска и таа има голема страст за јогата. Таа има 230.000 следбеници на Инстаграм, каде што Мариа објавува безброј слики од пилотската кабина, егзотични дестинации и јога-вежби.

Оваа 25-годишна убавица моментално се наоѓа на Канарските острови од каде што ги објавува најновите фотографии, откако била убедена од страна на нејзините пријателки. „Омилената работа кај социјалните мрежи ми е што ги поврзува луѓето и го прави светот помало место.“, вели Мариа.

Мариа отсекогаш била заљубена во авијацијата и фотографирањето, а сега успеала да ги спои овие две работи. „Пред една година решив да го сменам мојот Инстаграм профил од приватен во јавен и никогаш не помислив дека толку позитивни луѓе ќе ме поддржат.“ , објаснува Мариа.

Мариа која е пилот веќе две години, инспирацијата ја добила од нејзиниот татко, кој е капетан на Ербас 320 и порано ги носел неа и нејзините 3 сестри заедно со него. Јогата и помага на Мариа да го намали стресот и притисокот кој што го има поради оваа многу одговорна работа. „Важно е да најдеме време за себе, па и ако се работи за само 5 минути од денот. јогата ме смирува од внатре, кога ќе завршам со вежбите се гледам со други очи, животот тогаш е помалку стресен.“, вели Мариа.

Сподели на Facebook
пати видено