Серена Дероса која себе се смета за „гламурозен модел“ сакала да си купи автомобил, поточно Ауди А3, црвен секако, кој го видела на Фејсбук и многу ѝ се допаднал.

Секако првин одлучила да му пише на продавачот за да праша дали автомобилот е сѐ уште на продажба. Е па тука се случила една мала „грешка“.

Неколку минути подоцна откако прашала дали автомобилот е сѐ уште на продажба 27-годишната девојка го проверила телефонот и имала што да види, на кутриот продавач му биле испратени нејзини експлицитни фотографии. На фотографиите направени по пластичната хирургија се гледаат нејзините голи гради во текот на процесот на закрепнување.

Таа вели дека се обидувала да ги избрише, но пишувало дека ќе бидат избришани само за неа. Сепак продавачот не бил кој знае колку воодушевен тој само ја отворил пораката, ја видел и не вратил ништо (може му е заеднички профилот со жената).

Серена уште во „шок“ решила да им објасни на сите дека Ангел е крив за сѐ.

Да, така е, Ангел е нејзиното мало и непослушно маче, кое откако го начекало нејзиниот телефон отклучен наводно ги пратило пораките на продавачот, за да добие попуст за газдарицата. Итро некое маче, ама изгледа не му успеало.

Ѓаволестото маче, Ангел

Посрамената девојка вели дека се откажала од Аудито и дека сега сака да си купи Мерцедес. Да, се надеваме дека овој пат мачето ќе се држи подалеку од телефонот, инаку тешко неа, цел живот пеш ќе си оди.

Сподели на Facebook
пати видено