Секој ден се повеќе жени се решени да ја покажат вистинската слика зад „совршените“ фотографии на социјалните мрежи, кои можат да бидат навистина штетни за самодовербата на луѓето. Вистината е дека социјалните мрежи можат многу да влијаат на животите на луѓето поради тоа што не „учат“ да се стремиме кон совршенство како што го прават тоа познатите фитнес модели и блогери.

Инстаграм профилот @SaggySara е посветен на откривање на нереалистичните очекувања со кои жените секојдневно се соочуваат. 20-годишната девојка од Финска покажува како начинот на позирање и вистинскиот агол можат да Ве прикажат во најдобро светло и дека Инстаграм фотографиите не се такви како што изгледаат, а многу други блогери го следат нејзиниот пример.

Сподели на Facebook
пати видено