Кејси Сосновски е убава студентка на Универзитетот Атлантик во Флорида. Таа очигледно сака да стане позната и „инфлуенсерка“ на социјалните мрежи. Но, не се станува „инфлуенсер“ така „лесно“.

Нели треба да „влијае позитивно“ на луѓето така што ќе промовира „розов свет“ со здрав живот, здрава храна, рајси дестинации и т.н и т.н. Сепак ова не е секогаш лесна задача зарем не?

Кејси објавила фотографија на Инстаграм во која е опремена за трчање/пешачење и во описот напишала „На пешачење“ и се тагирала во Парк и патека на езерото Окахумка. Сепак кој може подобро да ти ги зезне плановите, ако не помалата сестра. На нејзината „инфлуенсерска“ фотографија Кејси добила само 30 допаѓања, а на Твитер нејзината сестра добила над 275.000. Еве зошто.

Карли, сестрата на Кејти прилично се збунила кога забележала дека нејзината сестра објавува фотографии како пешачи на планинска патека, а всушност таа ја гледа како пријателката ја фотографира во нивниот двор. Затоа таа решила малку да се пошегува на нејзина сметка и ја „разоткрила“ својата сестра.

„Мојата сестра рече дека ќе оди на пешачење… ова е нашиот двор.“, напишала Карли, фотографирајќи ја Кејси од прозорецот и објавувајќи ја нејзината фотографија од Инстаграм. Иронично оваа објава станала многу попозната од онаа на Кејси.

Сподели на Facebook
пати видено