Ешли Бејман, од Аризона има профил на Инстаграм преку кој ги поттикнува жените да си ги сакаат своите тела и им дава совети како да одржуваат здрав и избалансиран живот.

Иако 34-годишната инфлуенсерка постојано им објаснувала и им делела совети на луѓето како да вежбаат за да ја намалат тежината, самата таа криела како ги изгубила нејзините 16 килограми.

Таа ослабнала не благодарение на вежбање и здрав живот, туку поради препишаниот лек Адедерал, лек на рецепт што ја добила за нарушување на дефицитот на внимание во 2015 година. Мајка на-две деца станала зависна од лекот, а нејзиното слабеење само ја охрабрило нејзината навика.

Долго време, животот на Ешли излегувал надвор од контрола, бидејќи таа започна да го користи својот месечен рецепт за само две недели. Зборувајќи за нејзината зависност, инфлуенсерката вели: „Се чувствувам како да сум пропуштила многу спомени со мојата најмала. Станав опседната со мојот бизнис. Се чувствував како да сум навистина продуктивна, но во реалноста веројатно бев само торнадо. Мразам да се гледам на фотографии од себе од тоа време затоа што не изгледам добро, иако мислев дека изгледам неверојатно. Кога гледам стари видеа, може да се види од очите дека не сум навистина таму.“

Ешли водела лажен здрав живот за 32.000 следбеници на социјалните мрежи и го зголеми својот бизнис преку лагите, при што многу луѓе го пофалија нејзиниот изглед. 34-годишната жена сега се обидува да го надомести изгубеното време со семејството и таа успеа да заземе вистински здрав начин на живот, објаснувајќи дека сега навистина сака да вежба и да јаде здрава храна.

Ешли повеќе не го користи лекот и им се извинила на своите следбеници со видео во живо. Многу од нив ја сфатиле и споделиле и свои зависности од лекови.

Сподели на Facebook
пати видено