45-годишниот индиски земјоделец Ченчу Реди не е најголемиот обожавател на боливудската актерка Сани Леоне, но вели дека нејзината фотографија во бикини му помага нивата да му даде богат род.

„Еј, не плачи и не биди љубоморен!“ – вели натписот на постерот.
„Моите ниви се блиску до патот, па секој што поминува ги гледа и завидува, па затоа јас поставив постери за да им го одвлечам вниманието“, рече Реди.

Според земјоделецот, злобното око предизвикува неуспех на посевите. Сега за сега стратегијата му работела, затоа што полуголите девојки навистина привлекуваат поголемо внимание од зелката.
„Порано се плашев од злобното око и мислев како да се заштитам, па така ми дојде оваа идеја. Отидов во компјутерскиот центар и побарав слика што ќе го одвлече вниманието на луѓето од нивата, а тие ми го дадоа ова. Сега минувачите најпрво обрнуваат внимание на постерите. Трикот работи. Сега никој не гледа во мојот род”, се радува Реди.

Во Индија, многу фармери го обвинуваат злобното око за неуспехот на посевите, па затоа ставаат специјални полнети животни, но Реди беше првиот што искористи неконвенционален начин. И бидејќи Леоне, на која подоцна ѝ се придружи и Кардашијан, навистина помагаат тој да има богата жетва, веројатно наскоро ќе има повеќе девојки во бикини на индиските полиња.

Руди не гледа ништо непристојно во неговите „полнети животни“.
„Нема ништо лошо во тоа. Никој до сега не ми рекол дека е навредливо или непристојно.“

