Голем број луѓе се собраа за да видат како верски лидер во Индија влече автомобил со неговиот пенис. Монахот, кој е познат само под прекарот „Пенис Баба“, може да се види како го прицврстува јажето за гениталиите под наметката.

Откако белото јаже го врзуваат за автомобилот Баба го влече некаде околу 30 метри.

Стотици луѓе се собрале да го гледаат во селото Харпур во областа Мунгер во Бихар, Индија. Селаните велат дека Баба отишол да вежба почит и знаење во детството и се вратил после многу години. Пенис Баба вели дека неговиот „чин“ е знак за „моќта на верноста“.

„Ова не е уметност. Тоа е моќта на Бог, моќта на верноста.Било која личност може да направи било што доколку е верна на Бога“, вели тој. Но, тој не е единствениот кој може да се пофали со таква влечна сила. Садху (свет човек) беше фотографиран со сличен подвиг на сила во јануари.

Тој влечел камион користејќи го само неговиот пенис во Алахабад, во северна Индија, каде што се собрале стотици хиндуси за годишниот фестивал Маг Мела.

Сподели на Facebook
пати видено