Дали би ја намалиле брзината ако возите кон нешто што изгледа како лебдечки пешачки премин? Индискиот министер за транспорт Нитин Гадкари се надева дека милионите возачи во Индија ќе го сторат тоа. Затоа предлага употреба на 3D зебри како замена за лежечките полицајци. И како што ќе можете да видите од сликите подолу, овие оптички илузии сигурно ќе го привлечат вашето внимание.
„Ќе се обидеме со 3D оптички илузии како виртуелни лежечки полицајци за да се избегне потребата од вистински такви“, вели Гадкари. Индиските власти решиле да ги отстранат сите лежечки полицајци низ земјата. Увидувајќи дека тие претставуваат голема закана по животот за возачите кои возат брзо, владата почнала да бара побезбедни алтернативи. Се надеваат дека овие 3D пешачки премини ќе ги намалат сообраќајните несреќи, со оглед на тоа што Индија има највисок број на жртви во сообраќајни несреќи во светот. Дали ќе успеат во тоа, останува да видиме.


