Авионските компании во Индија ќе бидат казнувани со 50 000 рупии (околу 736 долари) ако нивните авиони го исфрлаат во воздух изметот од тоалетите. Оваа пресуда е донесена врз основа на жалба во која се тврди дека летало исфрлило измет врз населена област во близина на аеродром во Делхи. Човечкиот измет во авионските тоалети вообичаено се складира во специјални контејнери, кои се празнат кога авионот е слета. Но, авијациските власти признаваат дека понекогаш може да се случи изметот да „протече“ во воздух.

av01

Судот побара од авијациските регулатори да се осигураат дека леталата нема да испуштаат измет додека полетуваат или слетуваат, ниту било каде во близина на аеродромите. Индиски пилот-ветеран тврди дека од авионите се испушта измет само во итни ситуации, но сепак, замислете си, си одите така и ви падне нешто врз главата… незгодно.

Сподели на Facebook
пати видено