Малата индиска држава Сиким ќе започне со експеримент со основен приход кој ќе обезбеди парични исплати на секој од своите 610.000 граѓани, а ова е најголем експеримент со основен приход во историјата.

На други места во светот имаше неколку мали експерименти со спроведување на универзален основен приход, но тие се сретнаа со ограничен успех.

„Во развиените земји, главната цел е да се преструктуираат или да се економизираат постојните шеми за социјална помош, како што се бенефиции за невработеност. Во земјите со низок или среден доход, како Индија, образложението ќе биде да се реши минималната економска несигурност на поголем дел од населението, а не само најсиромашните, без да се допираат постојните мерки против сиромаштијата.“, вели Пранаб Бардан од Универзитетот во Калифорнија.

Технолошките магнати вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Закерберг ја поддржаа идејата за основен приход, како идеја за трансформација на економијата, бидејќи трудот се почесто станува автоматизиран. Но, вистинските експерименти се ретки и ограничени по обем – и станува исронично што најголемиот досега треба да започне во Индија, далеку помалку богата земја од САД.

Во Финска, експеримент со универзални основни приходи заврши во декември по завршувањето на двегодишниот пробен период, а во моментов нема планови за продолжување на програмата. Проектот вклучуваше месечна исплата на 630 долари на 2.000 невработени граѓани.

Важно е да се напомене дека деталите за претстојниот експеримент на Сиким се нејасни. Не се знае колкава сума на пари ќе добие секој жител, но политичарите од Индија работат на тоа проектот да започне најдоцна до 2022 година.

Сподели на Facebook
пати видено