Индија воведува огромни реформи за да се справи со нејзиниот голем проблем со загадувањето, и започна голема инвестиција во искористувањето на сончевата енергија.

Имено, Кочин, град во јужната индиска држава Керала, неодамна објави дека неговиот меѓународен аеродром ќе работи исклучиво на сончева енергија, напојувајќи се од вкупно 46.150 панели распоредени на површина од 18 хектари.

Откако шест градови во Индија се најдоа на топ 10 листата за најзагадени градови во светот, земјата бара начин да тргне по „зелениот пат“ и да ја поправи состојбата. Во моментот Индија е решена да изгради 100 гигавати соларен потенцијал до 2022 година, а исто така ќе се потруди и нејзините аеродроми да користат обновлива енергија.

alternative-21761_1280-1024x682

Аеродромот во Керала ќе биде првиот аеродром во светот кој целосно ќе се напојува од 12 мегаватни погони на сончева енергија.

Со овој потег во следните 25 години се очекува да се спречат испуштања на јаглерод диоксид во износ од 300.000 тони. Тоа е еквивалентно на засадување на три милиони дрвја и невозење на растојание од 750 милиони милји.

solar1-400x225

Матичната компанија на аеродромот, Cochin International Airport Limited (CIAL), ќе продолжи да ги истражува алтернативните извори на енергија. Ќе се искористат бројните водни површини во Керала преку изградба на хидроцентрали во комбинација со соларни панели. Со оглед на тоа дека низ аеродромот на Кочин минуваат милиони жители и туристи од целиот свет, овој потег ќе биде огромна платформа за демонстрирање дека зелената опција е изводлива во индустријата. Новиот аеродром ќе биде пуштен во употреба во мај 2016 година.

Сподели на Facebook
пати видено