Мотилал од Асам, Индија работел во својата продавничка до неговиот дом и слушнал чудни звуци. Тој решил да се упати кон дома и пребарувајќи ја куќата сфатил дека има непоканет гостин во својот кревет.

Тој бил многу љубезен па решил да не го вознемирува гостинот и повикал служба која ќе може на „фин и културен“ начин да го предомисли да си замине од домот.

Не и се постапувало толку деликатно во ситуацијата да се работело за огромен ТИГАР. Така е тигар се прошетал низ селото и влегол во домот на Мотилал, а потоа и одлучил да си дремне на неговиот кревет.

Се верува дека тигарот избегал од од Националниот парк Казиранга поради големите поплави. 92 животни загинале во изминатите неколку недели поради екстремните поплави во Националниот парк Казиранга. Тигарот првпат бил забележан веднаш до автопатот околу 200 метри од паркот, пред да биде пронајден од Мотилал.

Локалните жители повикале служба за заштита на дивиот свет, која пристигнала во куќата и направила безбедна патека по која тигарот ќе се врати во џунглата. Според Ратин Барман, кој ја предводел спасувачката операција тигарот влегол во куќата во 07:30 наутро по локално време и спиел поголем дел од денот. Во 17:30 часот тиарот конечно се вратил во џунглата.

Сподели на Facebook
пати видено