Муслиманите треба да бидат свртени кон Мека, но во ова „не важи“ за верниците во оваа џамија во Турција. Муфтиите изјавиле дека михработ, ниша во ѕидот во џамија која е насочена во правец на киблата (Мека), бил поставен во погрешен правец.

Новиот 24-годишен имам Иса Каја бил првиот кој што ја забележал оваа грешка и се консултирал со локалните муфтии и селските старешини.

Џамијата во Сугорен во западниот дел на земјата била погрешно изградена во 1981 година.

Како привремено решение Каја поставил бели стрелки за да им посочи на верниците во џамијата на која страна да се молат.

Сподели на Facebook
пати видено