Сите сме слушнале за перење на пари, ама перење на злато? Една популарна народна приказна од времето на „Златната треска“ вели дека еден Кинез кој ја перел облеката на рударите се збогатил не од барање на злато во Американската река туку од перење. Џон Џон(името кое белите мажи го давале на сите Кинези во тоа време), ја перел облеката на рударите без да им побара пари за тоа.

Мажите мислеле дека тивкиот Џон Џон е глупав и му носеле купишта облека и не му плаќале ниту прашинка злато за тоа. Но, една година подоцна, еден од рударите го видел Џон Џон, кој бил облечен во скапа облека во Сакраменто. Тој, наводно, измил доволно злато од манжетните и фармерките за да стане супериорно богат до крајот на својот живот. Уште една приказна која се повторувала во тоа време била дека Кинез го измамил својот работодавец да му даде 18 плати за 10 свои сонародници, искористувајќи го дискриминаторскиот однос на „белите мажи“ дека „сите Кинези се исти“. И во овој случај се смета дека тоа е дело на Џон Џон.

Како и секој друг мит и овој пораснал од семиња на вистината: Кинеското население напредувало во Калифорнија во средината на 1850-тите. Соочувајќи се со дискриминацијата, многу мажи ја работеле секоја работа што можеле да ја најдат. Тие переле облека и не зборувале Англиски, а исто така не биле запознаени со белите луѓе и затоа биле повлечени. Непријателството на белиот човек кон кинескиот имигрант, може да прерасне во толку големо што измислиле приказна за крадење злато од нивните валкани пантолони.

Кога во 1849 година кога Кинезите слушнале за Златната треска сите сакале да дојдат во Америка и да си ја пробаат среќата. За две години 25.000 Кинези пристигнале во Америка. Тие биле првите не-бело население кое пристигнало по своја слободна волја. Кинезите биле многу дискриминирани, бидејќи не можеле да бидат сметани за граѓани, немале свој имот и плаќале многу високи такси.

Кинеските имигранти се здружиле во тесно поврзаните заедници во населбите што се појавија околу Калифорнија. (Многумина сѐ уште постојат како Кинески квартови). Тие ги земале работните места кои белците ги сметале за бедни. Работеле како чистачи, готвачи, слуги, перачи и сл. Во 1851 година, Вах Ли ја отворил првата перална за облека во Сан Франциско, со знак на кој што пишувало „Перење и пеглање“. До 1880 година, две третини од пералните во Сан Франциско биле во сопственост на Кинезите.

Весниците, па дури и црквите ги прогласиле Кинезите за „жолтата опасност“. Антипатијата била толку висока што во 1882 година Конгресот го усвоил кинескиот Закон за исклучување, кој забранил имиграција од Кина 10 години и кој бил продолжен на уште 10 години во 1892 година, за да се спречи имиграција врз основа на раса.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено