Ким Џонг Ун вели дека се искачил на планина… во свечени чевли и капут… како не, бре! Барем во тоа севернокорејската влада сака да го убеди остатокот од светот.
Според Централната информативна агенција на С. Кореја, Ким Џонг-Ун сега е докажан планинар.
Во недела, државната новинарска куќа објави серија фотографии кои го прикажуваат севернокорејскиот лидер на врвот на планината Паекту, највисокиот врв во земјата.
Планината висока 2750 метри се смета за симбол на Северна Кореја и често се асоцира со Ким и неговото семејство, и претставува симбол на победата.
Планината која граничи со Кина, најблискиот сојузник на Северна Кореја, исто така е и наводното родно место на покојниот татко на Ким, Кинг Џонг-Ил, иако историчарите го оспоруваат овој факт. Планинарскиот подвиг на Ким се совпаѓа со 23-годишнината од смртта на неговиот татко.
Говорејќи од врвот на планината, „врховниот командант“ коментирал за импресивното зајдисонце и шармантната и прекрасна глетка.
Како и да е, Ким не се качил таму за да гледа зајдисонца и глетки. Тој исто така изјавил дека планината обезбедува „душевна храна“ и е помоќна од нуклеарните оружја, и дека планината е неопходна за продолжување на корејската револуција.
Неговите коментари се малку проблематични бидејќи Северна Кореја продолжува со својот воинствен изолационизам и тестовите на нуклеарни проектили.
Ким не бил сам на своето патешествие. Го придружувала група на пилоти од воената авијација на С. Кореја кои позирале со нивниот врховен командант.
Иако Ким сака да поверуваме дека се искачил на високата планина, неговите неодамнешни здравствени проблеми и наклонетоста кон местени фотографии го прави овој подвиг малку сомнителен.