Името ми е Јакуб Павловски, имам 21 година и сум голем поддржувач на читањето книги. Роден сум во Словачка, но неколку години живеам во Чешка. Пред неколку месеци увидов дека луѓето повеќе не читаат како порано. Во денешно време тие ги претпочитаат сите тие современи технологии наместо некоја убава и интересна книга. Се разбира, сѐ уште има многу луѓе кои никогаш не забораваат за убавината која се крие во печатените страници. Но за жал, повеќе се тие кои не го ценат тоа.

Затоа создадов проект наречен „КНИГАТА ПОВИКУВА“ со кој преку социјалните медиуми ја ширам традиционална идеја користејќи го современиот систем. Мотото на проектот е: „Издвои време за читање. Кога било, каде било.“

Специјализирав фотографија и моите дела ги сочинуваат портрети на читател во секојдневниот живот, но кај сите нив ја задржувам истата поза во ист агол, како светот и околината да се врти околу оваа положба низ целиот ден и секојдневно.

Се надевам дека со ова ќе охрабрам повеќе луѓе да се загубат во страниците на книгите.

„Книгите се огледало на душата“ – Вирџинија Вулф

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Секогаш читај нешто што би направило да изгледаш подобро во случај да умреш читајќи го“ – П.Џ. О`Рурк

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Личноста, било да е џентлмен или дама, којашто не нашла задоволство во некој добар роман, мора да е неиздржливо глупава.“ – Џејн Остин

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Ако не ти се допаѓа читањето, не си ја нашол вистинската книга“ – Џ. К. Роулинг

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Литературата е луксуз; фикцијата е неопходност“ – Г.К. Честертон

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Големите книги ви помагаат да разберете, и прават да се чувствувате разбрани“ – Џон Грин

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Мислам дека никогаш нема доволно книги“ – Џон Стајнбек

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Чудната раб ота кај луѓето коишто имаат многу книги е тоа како секогаш сакаат повеќе“ – Патриша А. МекКилип

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Кога круните на сите кралства би биле положени пред моите нозе во замена за моите книги и мојата љубов кон читањето, би ги одбил сите со презир“ – Франсоа Фенелон

OLYMPUS DIGITAL CAMERA OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Сподели на Facebook
пати видено