2025:
– Ало, 192?
– Да, повелете.
– Сакам да пријавам исчезнато лице.
– Зошто мислите дека е исчезнато?
– Веќе трет пост не ми лајкнал.
– Можеби постовите ви се лоши?
– Апсолутно не! Еден виц и две смешни слики!
– Да не се стари?
– Апсолутно не, веќе имаат по 30 лајкови, и него го нема!
– Чудно, му пишувавте ли на чет?
– Да, молчи!
– А тој постирал ли нешто, активен ли е?
– Последните шест часа – ништо, без пост, ни лајк!
– Јасно. Кажете ја адресата, тимот веднаш тргнува!

Сподели на Facebook
пати видено