Алесија Арапис, од Мелбурн, Австралија имала еден чуден сон кој прилично ја вознемирил. 31-годишната жена била во 37-мата недела од бременоста кога сонувала дека има грутка во градите.

Иако немала видлива грутка една недела подоцна кога била на редовна посета кај лекарот му раскажала за морничавиот сон и дека нешто ја „влече“ да си ги провери градите.

Токму тоа и го направила. Со ултразвук било откриено дека има мала грутка на градите и друг лимфен јазол на горниот дел од ребрата. Неколку дена подоцна, кога веќе била во 38-мата недела од бременоста примероците биле однесени на биопсија. Тогаш следел голем шок за младата Алесија.

Лекарите се обиделе на што е можно посмирен начин да ѝ објаснат дека грутката кај ребрата всушност е Нон Хочкин лимфом. Бидејќи требала да се породи најмногу за една недела Алесија се трудела да не се вознемирува многу, но не можела да си ги запре прашањата во главата.

Лекарите не смееле да преземат мерки веднаш за да не се повреди бебето, но за среќа Алесија се породила за 5 дена и веднаш потоа почнала да прима хемотерапија. Лекарите ѝ кажале дека има „огромна“ среќа бидејќи ракот бил пронајден во прва фаза.

Бидејќи требало голема количина на хемотерапија лекарите ѝ соопштиле дека можеби ќе нема можност повторно да забремени. Сепак лекарите ѝ понудиле и хормонален третман кој би требало да ја заштити за време на хемотерапиите.

Алесија сега полека со сигурно се опоравува од терапиите и се надева дека ракот нема повторно да се врати. Затоа таа ужива во секој ден кој го има со нејзината ќерка Софија и сопругот Маринос.

Сподели на Facebook
пати видено