Човештвото ќе пронајде секакви изговори за да започне војна, а доколку нема ќе создаде изговор. Често се случувало во текот на историјата владетелите да смислуваат очајни и бизарни причини за војна.

10. Фудбал (Ел Салвадор против Хондурас, 1969)

Во 1960-тите Хондурас сакал да ги избрка жителите на Ел Салвадор од нивната териоторија. На Светското првенство во фудбал двете нации требале да одиграат 3 натпревари. Овие натпревари завршиле со бунт на хулигани, кои направиле неред со националистички гнев, предизвикувајќи тензии што можеле да се решат само со објавување на војна. Вечерта на третиот натпревар, Ел Салвадор ги распуштил дипломатските врски со својот сосед и извршил инвазија неколку недели подоцна. Војната траела четири дена, па оттука и прекарот „Сто-часовна војна“.

9. Отсечено уво (Британија против Шпанија, 1739-1748)

Во 1731 Роберт Џенкинс се враќал од трговско патување со неговиот брод, кога група на морнари од Шпанија упаднале на бродот и го обвинувале Џенкинс дека шверцува. Командантот на Шпанците му го отсекол увото на Џенкинс. Осум години подоцна кога Британија сакала подобра трговска позиција ја искористила приказната за Џенкинс и и објавила војна на Шпанија.

8. Свиња (Велика Британија против САД, 1859)

Во оваа војна немало жртви, освен една свиња. Во 1859 година, еден американски земјоделец на островот Сан Хуан бил исполнет со патриотски гнев кога свињата на неговиот сосед му ги изела компирите. Тој ја застрелал свињата, која припаѓала на соседот од Ирска. Бидејќи не се договориле колку вреди свињата се обратиле до колонијалните сили. Британскиот гувернер барал од адмиралот Роберт Л. Бејнес да отвори оган врз американците, но Роберт одбил, велејќи дека причината е глупава.

7. Птичји измет (Шпанија против Перу, 1864-1866)

Шпанците пристигнале на островот Чинча во април 1864 година. На овој остров на Перу имало многу измет од птици. Бидејќи „гуано“ било одлично ѓубриво, Шпанците сакале да однесат голем дел дома. Перу не се согласувал и започнала војна, по која што и двете страни прогласиле победа.

6. Правото да продава дрога (Велика Британија против Кина, 1839-1842)

Британија и продавала на Кина опиум, при што Кинеското население станало зависно и побарувачката и профитит на Британија растел. Но кога кинеската влада го забранила опиумот во 1838 година, Британија тоа го сфатила како можност за војна. Војната е наречена Прва опиумска војна, затоа што Британците се обиделе да го направат истото пвторно 14 години подоцна.

5. Навистина убаво столче (Велика Британија против Ашанти империја, 1900)

Сер Фредерик Мајкл Хоџсон требал да пренесе порака дека територијата на Ашанти империјата (денешна Гана) сега припаѓа на кралицата на Британија. Тој забележал златен стол на кој што седнал иако му кажале дека тоа е главниот духовен објект на Ашанти, кој го содржи духот на нивната нација, предците и оние кои ќе се родат. Но Мајкл ги навредил и Ашанти објавиле војна.

4. Сите го прават тоа (Русија против Финска, 1939-1940)

Затоа што започнала Втората светска војна Русија била расположена за инвазија и ја нападнала Финска. Остатокот од светот бил подеднакво збунет и Русија била избркана од Лигата на народите. Рускиот политичар Вјачеслав Молотов ги уверувал луѓето дека бомбите врз Хелсинки биле пакети за хуманитарна помош. Финците ги нарекувале „Молотовите кошници со леб“. Тие смислиле уште еден назив со црн хумор за импровизираните огнени бомби што ги користеле против руските тенкови: „Молотов коктел“

3. Беше темно и сите беа пијани (Австрија против Австрија, 1788)

Според приказната во 1788 година, Австрија и Отоманската Империја биле во војна. Австрија имала масовна војска со до 100.000 војници кои кампувале во близина на градот Карансебе. Таа ноќ војниците од Австрија пиеле ракија и поголемиот дел од нив биле пијани. Тогаш некој случајно испукал куршум и тие се нападнале меѓу себе. Поради бројот на жртвите Австријците се повлекле.

2. Никој не знае (Сите против сите, 1914-1918)

Во неделата на 28 јуни 1914 година, 19-годишниот Гаврило Принцип го застрелал Франц Фердинанд од Австрија, додека вториот патувал низ Сараево. Потоа почнала Првата светска војна. Светот прифатил дека постои врска помеѓу овие два настани, но никој не е сигурен што е тоа. Научниците повеќе од еден век, се обидуваат да сфатат што се случило и сé уште нема консензус за тоа зошто почнала Првата светска војна.

1. Некој пијан идиот (Франција против Сицилија, 1282-1302)

Во 1282 година Франција ја окупирала Сицилија и луѓето од Сицилија не биле среќни за тоа. Според приказната некој пијан француски војник сакал да одвлече жена, од Велигденската молитва во Палермо, или според вората верзија пијаниот војник сакал да ги претресе жените за да „провери дали носат оружје“. На Сицилијанците не им се допаднало тоа и тука почнал масакрот врз Французите во Палермо.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено