Една жена забременила преку анален секс, нешто што се смета за прв забележан ваков случај во историјата на човештвото. Иако се чини како медицински невозможно, еден американски доктор раскажува за своето изненадување кога го открил случајот кај една од своите пациентки. Д-р Брајан Стајкснер, дирекотр на Институтот за машко здравје во Атлантик Сити, објаснува дека една од неговите пациентки имала специфично нарушување при кое вагината, мочниот меур и ректумот не се целосно развиени и наместо тоа интестиналните, мочните и репродуктивните функции се изведуваат од едно место. Жената била упатена на операција да го поправи ова кога била помлада, но операцијата била направена несоодветно, при што нејзината матка по грешка била споена со нејзиниот ректум. Неколку години подоцна, таа забременила и на големо изненадување на д-р Стајкснер и неговите колеги, тоа се случило преку анален секс.

„Знаевме за нејзиното нарушување и десет години ја следевме нејзината состојба. Откако направивме еден куп снимања, заклучивме дека забременила преку анален секс.“
Но, се наметнало итното прашање дали пораѓањето би било безбедно и за мајката и за детето, бидејќи таа нема нормален вагинален отвор. Со оглед на тоа што не можеле да смислат начин како бебето би се родило преку аналниот отвор, акушерите решиле да го сторат тоа преку царски рез.
„Овој случај е еден во милијарда, еден од најретките. Сепак, мислам дека општо земено ова не би требало да претставува голем проблем за жените со вакво нарушување“, вели Стајкснер.

