Крадец влегува во една куќа среде ноќ, сигурен дека нема никој. Но, наеднаш слуша еден глас:
– И јас те гледам, и Исус те гледа!
Се зачудил крадецот, разгледал убаво наоколу и си помислил дека му се причинува. Продолжил да ја пребарува куќата, која по кратко време, пак истиот глас:
– И јас те гледам, и Исус те гледа!
Светнал со ламбата и гледа еден папагал.
– Јас сум Методи. – рекол папагалот.
– Каков Методи? Тоа име ли е за папагал?
– А бе и Исус не е име за доберман, ама гледај го како те гледа.

Сподели на Facebook
пати видено