Веројатно повеќето од нас поминуваат низ некои тешкотии во текот на нашите животи, но мора да признаеме дека мизеријата и тешкоиите кои ги носи војната не можат да се споредат со многу работи. И додека се случија многу ужасни работи за време на светските војни, геноцидот на Евреите за време на Втората светска војна е една од најтажните трагедии во историјата на човештвото.

Можеби е тешко да се поверува, но сè уште ги погодува луѓето во денешно време, иако поминаа толку години. За среќа, и покрај тешкотиите од минатото, денешната приказна има еден вид на среќен крај барем за двајца мажи и нивните семејства. Овие двајца братучеди конечно повторно се сретнаа по 75 години, откако биле разделени од војната и нивните емоции се гледаат во видеото подолу.

Морис Сана и Симон Маировиц биле братучеди и најдобри пријатели пред нацистите да ја нападнат нивната татковина Романија во 1940 година. Војната ги раздели нивните семејства затоа што тие не избегале од земјата заедно. И двајцата пораснале верувајќи дека другиот починал во некој концентрационен логор. До пред извесно време нивните деца повторно повторно ги поврзале со помош на Фејсбук.

Внуката на Морис наишла на ќерката на Симон додека барала роднини на Интернет и дознала само дека Симон е жив и здрав и живее во Велика Британија. Морис живее во Израел. Пријателите имале голема желба да се видат повторно и наскоро средбата се случила во Тел Авив, Израел. Еден од роднините сними видео од ова емотивно обединување, оставајќи ги луѓето низ целиот свет во солзи, како и самите Морис и Симон.

И покрај фактот дека и двајцата се во 80-те години (Сана има 87 години, а Маировиц има 85 години), тие планираат да ја одржат врската и да се гледаат меѓусебно колку што можат, реконструирајќи ја убавата врска што ја имале како деца.

Сподели на Facebook
пати видено