19-годишниот војник Китон Тилсон заглавил на аеродромот во Далас цели два дена и не можел да пристигне во Гранит Сити, Илиноис  за да си го види семејството за Меморијалниот ден. Но благодарение на дарежливоста на еден непознат човек Китон си ја остварил желбата.

Поради тоа што војникот добил одобрение во последен момент сите авионски билети биле распродадени и тој кога пристигнал на аеродромот се јавил на сопругата да и го соопшти тоа. Нивниот разговор го слушнал случаен минувач кој исто така патувал за Гранит Сити, Илиноис, тој му предложил на Китон да му го отстапи авионскиот билет.

Но авионската компанија не го дозволила тоа, тие им кажале дека имаат список од луѓе кои чекаат да се ослободи место и доколку човекот по име Рејни се откаже од билетот неговото место нема да го добие војникот туку оној кој што е на ред на списокот.

Рејни не сакал да се откаже од младиот војник затоа се јавил на неговата сопруга за да се посоветува со неа. Тие се договориле да му купат на војникот билет за поскап лет каде што имало слободно место, но тој не можел да си го дозволи. Билетот чинел 350 долари.

Тилсон вели: „Мислам дека уште ќе бев на аеродромот да не беше тој.“ Исто така голема благодарност до Рајли искажала и мајката на Тилсон.

Новинарите успеале да контактираат и со Рајли кој вели: „ Тој тргна и се врати за да ме прегрне, мислам дека и двајцата ги задржавме солзите. Таа прегратка значеше повеќе од потрошените долари.“

Сподели на Facebook
пати видено