Левелин Џенекер и Сесилија Абсолом се запознале пред 30 години, кога ѝ двајцата останале бездомници и почнале да лутаат по улиците на Кејптаун, ЈАР. Сега конечно по 3 децении тие добиле можност да го кажат судбоносното „Да“ и легално да станат сопружници.

Парот се венчал на необично место, кое малку луѓе би го сметале за романтично.

Тие се венчале под мостот, под кој се запознале пред 30 години. Повеќе од 100 гости присуствувале на венчавката на Левелин и Сесилија, а ги венчал пастирот Мануел Бенанс. Исто така приствувале болем број и на други бездомници. Најважниот гостин на веселбата бил 12-годишниот син на парот, по име Дилан.

Градскиот совет помогнал да се организира големиот ден на двојката. Свадбата била овозможена и од добродетел, Џил Џефта, која ја подарила венчаницата за невестата. Сега единствената желба на семејството е да имаат повторно свој дом.

Сподели на Facebook
пати видено