2-годишниот Броди Ален, од Охајо, страда од ембрионален тумор со повеќеслојни розети. Тоа е ретка форма на рак кој неговото семејство го открило само кога го однеле во болницата претходно оваа година затоа што почнал да губи рамнотежа.

Дотогаш имало четири тумори во мозокот Броди и еден на неговиот ‘рбет. На семејството му било кажано дека му остануваат околу 2 месеци живот, откако поминал 98 дена во докторската нега.

Бидејќи не знаат дали момчето ќе го дочека овој Божиќ семејството решило оваа година да го прослават порано. Но, за да биде целосна атмосферата соседите исто така им се придружиле и ги украсиле своите домови, а потоа му подариле новогодишни честитки и подароци на малиот Броди.

Соседите не застанале тука и покренале профил за прибирање финансиски средства преку страната GoFundMe за да му помогнат на момчето и неговите родители.

Таткото на Броди, Тод, е возач на камион кој не работел откако му била дијагностицирана болеста на Броди за да може да се грижи за него.

Броди, кој има постара сестра, не е свесен колку е болен и што му се случува и неговите родители имаат намера тоа да остане така.

„Тој не знае колку е болен. Не му е грижа. Тој само сака да се забавува и да ужива во секоја минута. Тој е среќен. Тој ужива во животот. Така ќе ги поминеме нашите денови. Јас секој ден се трудам да го направам среќен.“, вели таткото на Броди, Том.

Сподели на Facebook
пати видено