Работници во фабрика од Фронхаузен во централна германска држава Хесе, донирале околу 3.300 часа прекувремена работа на колега, за да се грижи за неговиот 3-годишен син кој се бори со леукемија. 3-годишниот Јулиус, син на Андреас Граф поминал 9 месеци во болница борејќи се со болеста, а кога се вратил дома неговата мајка ненадајно починала од срцева болест.

36-годишниот Андреас земал годишен одмор, но тие неколку недели не биле доволни за тој да може да се грижи за болниот син и да се справи со смртта на неговата сопруга. Тој почнал да се плаши дека ќе ја изгуби работата.

Тогаш менаџерот за човечки ресурси, Пиа Меиер, во фабриката во која што работел, се обратила до работниците да му помогнат на несреќниот човек така што ќе ги донираат своите прекувремени часови. Веднаш се пријавиле 650 работници, дури и тие што никогаш не го запознале Андреас.

Пиа Меиер

За дне недели тие собрале околу 3.300 часови и на Андреас му било дозволено да земе платено отсуство. Вкупно имало повеќе од 18 месеци прекувремена работа, односно 81,6 недели. Андреас вели дека е премногу благодарен на Пиа и неговите колеги и дека да не биле тие досега би останал без работа и би бил во многу тешка ситуација.

Сега неговиот син има скоро 5 години и наскоро треба да излезе од болница, а Андреас да се врати на неговото работно место.

Сподели на Facebook
пати видено