Според бројни извештаи и гласини кои биле објавени низ текот на годините, меѓу многуте тајни кои ги има Ватикан, постои и еден уред наречен хроновизор. Овој уред на корисникот му овозможува да гледа во иднината, како и во минатото. Многумина веруваат дека тоа е една од најчуваните тајни во историјата на човештвото. Некои други сметаат дека тоа е инструмент од пресудно значење со помош на кој Ватикан го зачувал своето влијание и моќ низ сите овие години.

hr01

Ушт откога Х. Џ. Велс го напиша романот „Временска машина“, многу луѓе се фасцинирани од помислата за патување низ времето. Дури и теоретските физичари сонуваат за можноста ова еден ден да стане реалност. Сѐ што е поврзано со концептот за патување низ времето денес се смета за научна фантастика, или барем така се чини. Интересно е тоа што на 2 мај 1972 еден италијански весник го шокираше светот кога објавија статија со провокативниот наслов: „Измислена е машина која го фотографира минатото.“

hr02

Статијата посочила дека дваесеттина научници создале направа која им овозможува да го фотографираат минатото, па дури и да бидат сведоци на значајни историски настани поврзани директно со Исус Христос. Наводната направа – која според многумина не е ништо друго освен научна фантастика – била создадена во 1950-тите од страна на тим научници предводен од отец Пелегрино Мариа Ернети, италијански физичар кој станал свештеник. Се верува дека тимот примил значителна помош од нобеловецот Енрико Ферми и познатиот ракетен научник Вернер вон Браун.

Хроновизорот е релативно мал предмет опремен со извесен број антени и целосно се состои од скапоцени легури, катодни цевки, и неколку копчиња и рачки. Извештајот на отец Ернети сугерира дека кој и да ја употребува оваа направа би можел да снима определени локации, настани и личности од минатото. Покрај тоа, се вели дека при совршени услови, уредот може да послужи за предвидување настани од иднината. Но, отец Ернети изјавил дека не смее да споделува повеќе детали за хроновизорот.

hr04

Сепак, тој раскажал дека благодарение на оваа направа тој успеал да го види уништувањето на Содом и Гомора, како и други големи историски настани, како основањето на градот Рим во 753 г. пр.н.е. Покрај тоа, тој успеал да го заврши изгубенето дело „Тиест“ на римскиот поет Квинт Ениј, токму благодарение на хроновизорот, како и да го напише оригиналниот текст на двете камени плочи кои Бог му ги дал на Мојсеј на Синајската гора. Исто така, успеал да види личности како Наполеон, Кикерон и многу други.

Францускиот свештеник Франсоа Шарл Антоан Брун бил еден од првите кој слушнал за хроновизорот. Според отец Франсоа, тој се сретнал со Енети во 1960-тите кога двајцата патувале низ Големиот Канал во Венеција. Со оглед на тоа што и двајцата биле експерти за древни јазици, започнале да зборуваат за Библијата и нејзината интерпретација низ текот на годините.

hr03

Брун се заинтригирал кога Ернети му открил дека има машина која би можела да одговори на сите прашања поврзани со Библијата. Кога отец Франсоа прашал за машината, Ернети го опишал хроновизорот, велејќи дека тоа е уред кој функционира исто како телевизор, но наместо да прима сигнали од локални станици, хроновизорот може да се нагоди во минатото и на гледачот да му овозможи да „гледа и слуша“ настани кои се случиле пред повеќе векови. Ернети кажал дека машината функционира преку детекција на звуци и слики кои човештвото ги создало во минатото и кои лебдат во просторот и времето.

Се раскажува дека проектот за овој интригантен уред бил откажан од Ватикан, но не и уништен и дека се крие во една од многуте тајни простории, скриен од очите на пошироката јавност. Покрај тоа, наводно во 1988 година Ватикан издал проглас со кој секој кој се служи со инструмент со вакви карактеристики ќе биде исклучен од црквата. Дали во ова има некаква вистина, или е само уште една теорија на заговор? Времето ќе покаже.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено