Црвка во Англија е критикувана поради нивната понуда за Муслиманите да го прослават Рамазан во нивниот верски објект. Свешеникот прифатил прославата на муслиманскиот пост да се одржи во црквата „Свети Матеј и Свети Лука“ во Дарлингтон.

Како дел од настанот, свештеникот се согласил да го „прикрие“ крстот на црквата и примерокот од Светлината на светот, добро позната слика од Исус од страна на уметникот Вилијам Холман Хант.

Се верува дека мажите биле поканети да се молат во коридорот на црквата, додека на муслиманските жени им била понудена соседна соба. Плановите биле разгледани на црковната средба на 9 мај, на која присуствувале свештеникот Скот, поранешниот градоначалник на Дарлингтон, Гералд Ли и голем број локални муслимански претставници.

Г-дин Ли се обидува да ја зголеми расната хармонија во областа со групата наречена Прославување на заедниците, која најчесто организира разновидни општествени настани.

Записниците од состанокот гласеле: „Да се отстранат столовите за мажите Муслимани да можат да се молат, да се покријат Христијански крстови и слики за да можат дамите да се молат во малите соби.“

Епископот Гавин Ашенден ги критикуваше плановите поради непочитувањето предизвикано од прикривање на Исус: „Кога муслиманите доаѓаат во нашата црква, ги покануваме да влезат и да го почитуваат Исус. Ако прифативме покана да одиме во џамија, ќе го почитуваме Мухамед.“

Епархијата на Дурам интервенираше во фијаското, наведувајќи дека црковниот закон не дозволува обожавање од страна на не-христијани во зградата на Црквата на Англија. Муслиманите сѐ уште се подготвени да им се придружат на христијаните и другите вери во црквата на зајдисонце на 2 јуни на Ифтар со завршување на дневниот пост.

Наместо тоа, молитвите ќе се одржат во блиската зграда. Г-дин Ли додаде дека не се обидувал да „конвертира или вознемири“ никого и само сакал да ги обедини деловите од заедницата. Тој прифати дека направил „грешка во проценката“.

Сподели на Facebook
пати видено