Две јагленисани кученца беа спасени од шумски пожар откако жители на Тајланд запалиле суви дрвја. Пожарникарите се бореле со огнените јазици кога забележале дека две мали кученца се борат за да излезат на безбедно.

Мажите во тој момент скокнуваат преку оградата и ги носат на безбедно двомесечните кученца. Целата случка била фатена на камера.

Белото кученце било во добра состојба, но кафеното имало 20% изгореници на телото. Здравото кученце е веќе посвоено од среќно семејство, а другото исто така ќе биде дадено на посвојување откако ќе закрепне од пожарот.

За жал нивната мајка не била пронајдена и се претпоставува дека настрадала во пожарот. Сепак пораникарите велат бидејќи никој не знаел дека таму има кученца, среќни се што успеале да ги спасат животите и на овие две.

Сподели на Facebook
пати видено