Англискиот Спрингер Шпаниел по име Бумер се изгубил откако паднал во пукнатина длабока над 30 метри, додека бил на прошетка со неговото семејство. Луѓето го барале кучето цел ден, а исто така поставиле постери низ планината кој ќе го најде мртов или жив да ги извести.

Тиа Мари Варгас се искачувала на планината Тејбл Рок, во Северна Каролина, кога прв пат го видела Бумер. Повреденото куче било со семејство кое очајно го барало неговиот сопственик. Варгас вели дека семејството имало мали деца со нив и не знаело како да го спуштата и кучето надолу.

„Ако тоа беше моето куче или кучето на моето дете би сакала некој да го стори тоа за мене. Не постои начин да го оставам таму и да имам мир во срцето.“, вели Тиа.

Кога Варгас првпат го запознала, таа вели дека очите на Бумер биле подуени и крвави, а целото негово тело било отечено. „Можеше да се види дека дехидрирал. Тој имаше парчиња и гребнатини на стомакот и на главата. Тој беше во лоша состојба.“, вели таа.

Со нејзиниот татко покрај неа, самохраната мајка го ставила Бумер на раменици и почнала да се спушта надолу по планината. Таа не знаела дека патеката која ја одбрала за да слезе е затворена поради снег и не била исчистена, а немало ниту кој да им помогне.

Бумер, Варгас и нејзиниот татко се изгубиле двапати, и во еден момент жената од Ајдахо вели дека нејзините нозе почнале да се преплетуваат.

Варгас вели дека имало знак во кој се замолувале туристите кои ќе го видат кучето да се јават на одреден број. Кога таа се јавила семејството веднаш прашало: „Мртов ли е?“

Таа вели дека семејството било толку воодушевено од нејзиниот несебичен чин, што и го подариле Бумер. Бумер се опоравува, но го чекаат уште неколку операции за целосно да оздрави.

Сподели на Facebook
пати видено