Кучето, Зевс, се дружело во градината со двајцата најмлади членови на семејството Ричардсон пред нивниот дом во округот Семтер, Флорида, кога одеднаш се појавила голема опасност.

Додека децата ја чистеле чинијата за вода на кучето во тревата се појавила корална змија која се движела право кон децата.

Тогаш 8-месечниот Зевс скокнал и почнал да се бори со змијата. Тој бил каснат четири пати. Кога Гери, таткото на децата слушнал дека нешто не е во ред ја видел мртвата змија и Зевс легнат на земја. Веднаш го однеле кучето на ветеринар и се молеле противотровот да делува. Сепак за жал наредниот ден Зевс починал.

Коралната змија е втора во светот по нејзиниот отров и истиот може да биде многу фатален доколку не се регира веднаш или доколку ве касне повеќе пати. Каснувањето од корална змија може да резултира во парализа – вклучувајќи парализа на мускулите на дишењето – при што примарната причина за смртта е колапс на респираторниот систем.

Сопругата на Гери и мајка на децата Џина вели дека Зевс бил дел од семејството и дека сите се скршени. Таа исто така посочува дека питбулите не се насилна раса и дека доколку луѓето ги чуваат соодветно тие би го дале и животот за нив.

Сподели на Facebook
пати видено