Безбедносната камера го фати ужасниот момент кога двојка пропаѓа во дупка која наеднаш се појави под нивните нозе додека чекореа на тротоар во Јужна Кореја. Снимката прикажува како маж и жена излегуваат од автобус на станица во главниот град Сеул, кога плочникот под нивните нозе се отвора во дупка од три метри која се појави од никаде.

Била повикана итна помош и пожарникари кои ги извлекле настраданите на безбедно, при што се извлекле само со лесни повреди. Дупката се формирала во близина на градилиште кадешто се градат две згради од 39 ката.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено